Британска амбасада во земјава информира дека се приклучува кон иницијативата на претседателот Стево Пендаровски – „Волонтираме за солидарно општество“.
Како што соопшти Британската амбасада, утрово дониравле 450 пакети со вкупно 6.200 прехранбени продукти и средства за хигиена за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.
– Донацијата е направена во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, која е една од партнерските организации во рамките на оваа хуманитарна иницијатива. Доставата на овие пакети до граѓани кои се од најранливите социјално загрозени категории ќе се врши согласно протоколите за заштита и за превенција, а врз основа на искуството на Црвениот крст на Република Северна Македонија, велат од Британската амбасада во Скопје.













