Обвинителот Гаврил Бубевски поднесе кривична пријава против адвокатот Мефаиљ Арслани поради постоење основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ од чл. 144 ст. 3 в.в ст. 1 од КЗ, информираат од Специјалното јавно обвинителство.
На едно од рочиштата за случајот „Титаник 3“, обвинителите Бубевски и Фетаи истакнаа дека адвокатот Арслани им се заканувал и им ја загрозил сигурноста, но тој го негираше тоа, нагласувајќи дека како адвокат професионално ја врши својата дејност и дека наводите на обвинителите се заради медиумски простор.
Специјалното јавно обвинителство на својата веб-страница ја објави пријавата на Бубевски.
М. И.