CivilFest
Categories

ФИНАНСИИ Буџетот за 2019 предвидува намалување на буџетскиот дефицит за половина милјарда денари

Со Буџетот за 2019 година се намалува буџетскиот дефицит, односно јазот помеѓу буџетските приходи и расходи. Буџетскиот дефицит за следната година е проектиран на 2,5% од БДП или 0,2 процентни поени или половина милијарда денари помалку во однос на годинава, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

„Клучна појдовна точка за Буџетот за 2019 година е продолжувањето на дисциплинираната фискална политика. Правецот во кој одиме е умерена фискална консолидација или намалување на буџетскиот дефицит на 2,5% од проектираниот БДП за 2019 од 2,7% во 2018. Кај буџетскиот дефицит има намалување и во номиналниот износ во однос на 2018 година, односно половина милијарда денари помалку. Ова е во согласност со Фискалната стратегија, како и препораките на сите меѓународни организации. Умереното намалување на дефицитот влијае директно на помали потреби за задолжување, а со тоа и среднорочно стабилизирање на државниот и јавниот долг“, рече Драган Тевдовски, министерот за финансии на јавната презентација на Предлог-Буџетот за 2019 година пред коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите.

Вкупните приходи во 2019 година се проектирани на 210,8 милијарди денари, додека вкупните расходи се 228,5 милијарди денари.

Буџетот за 2019 година е проектиран на раст од 3,2% на БДП. Притоа, Министерството за финансии оди со проекции кои се во линија со есенските проекции на релевантните меѓународни институции, рече министерот за финансии. Како што посочи Тевдовски, економскиот раст ќе го придвижат солидната лична потрошувачка, континуирано високиот извоз и растот на инвестициите.

Се очекува стапката на инфлација да е ниска и стабилна – во 2019 е проектирана на 2%. Во 2019 година се очекува раст на номиналната нето-плата за 4,5%. Исто така, се очекува стапката на невработеност да се намали на околу 20%.

С. Т.

Print Friendly, PDF & Email