• Latest
Кандидатот за премиер на Бугарија, Пламен Николов, извор: БНТ

Бугарија никако да состави влада, нови избори наесен, третпат годинава

August 12, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Бугарија никако да состави влада, нови избори наесен, третпат годинава

August 12, 2021 17:28
in СВЕТ
Кандидатот за премиер на Бугарија, Пламен Николов, извор: БНТ

Кандидатот за премиер на Бугарија, Пламен Николов, извор: БНТ

Share on FacebookShare on Twitter

Пропадна обидот за состав на нова влада во Бугарија, еден месец по изборите и единствениот резултат по се изгледа е организирање трети парламентарни избори оваа година наесен, објави државната МИА.

Во последниот ден пред очекуваното гласање денеска на предлог-кабинетот на Пламен Николов во парламентот, политичката партија која победи на изборите во јули – „Има таков народ“ остана сама, откако БСП и Демократска бугарија одбија да дадат гласови за нивна поддршка.

Кандидатот за премиер на Бугарија, Пламен Николов предложен од политичката партија „Има таков народ“ ја повлече својата согласност вчера да биде мандатар во писмо испратено до претседателката на Народното собрание Ива Митева. Во него тој наведува дека ја повлекува својата согласност да биде изгласан за 56-ти премиер на Бугарија. Таков документ ќе биде доставен до претседателството на државата, јавија бугарските медиуми.

Николов нагласува дека потегот е поради „лични причини“ и предлага да не се гласа за предлогот за влада во Парламентот.

„Разочаран сум не на личен план, туку за државата. Ги разочаравме луѓето што не можевме да ја реализираме идејата да направиме единство, како што е напишано на оваа зграда, токму кога на нашата земја и е најпотребно“ – нагласи Николов.

Според него, наведените први приоритети поврзани со Планот за закрепнување и одржливост, мерките против кризата со Ковид-19 и усвојувањето на новата буџетска рамка остануваат неисполнети.

Во врска со спорната фигура на предлозите за вицепремиер и министер за внатрешни работи Петар Илиев, Николов рече дека не може да коментира.

Според Николов, номинацијата на Илиев не е главната причина за недостиг на поддршка од „Демократска Бугарија“ и „Стани БГ! Доаѓаме!“

На прашањето што ќе се случува понатаму за државата, Пламен Николов одговори: „Избори до крај“.

Меѓутоа, од кабинетот на претседателот на Бугарија  излегоа со став кој гласи: „Со указот издаден од шефот на државата, уставната постапка за избор на премиер е веќе во решавачка парламентарна фаза“. Таа го постави прашањето дали за Николов не може да се гласа во Парламентот.

Во моментот во Бугарија се разговара од толкувачи на Уставот за процедурата.

Писмото на Николов е резултат на одлуката на „Има таков народ“ – предлог-кабинетот на партијата воопшто не треба да гласа во пленарна сала.

Поранешниот претседател на Националното собрание, Огњан Герџиков смета дека нема потреба од гласање во пленарната сала: „Кабинетот не поминува затоа што е повлечен од оние што го предлагаат“, изјави Герџиков за „Дневник“. „Никој не може да биде принуден да преземе државна функција“

„Без поддршка на протестните партии, ние нема да предложиме влада“, рече лидерот на ИТН, Слави Трифонов во изјава, што беше пренесена во живо на неговиот профил на Фејсбук.

По изборите на 11 јули во најсиромашната држава од Европската унија, кога ја прекинаа политичката доминација на поранешниот премиер Бојко Борисов, што траеше повеќе од една деценија, ИТН стана единствената најсилна партија, но со само 65 места во 240-члениот парламент, и им е потребна поддршка од други партии.

Ова се случи откако „Демократска Бугарија“ ја смени својата позиција   и покрај договорот одби да ги поддржи министрите на ИТН. Вчера истото го направи и коалицијата на Маја Манолова и Николај Хаџигенов од „Стани. БГ!Доаѓаме“.

Што и да се случи утре во пленарната сала на парламентот Румен Радев мора да го предаде вториот мандат, јавија бугарските медиуми.

ГЕРБ веќе најави дека ќе го врати веднаш и нема да се обиде да формира влада.

Така започнува трката помеѓу БСП, Демократска Бугарија и „Стани БГ! Доаѓаме“ за трет мандат. Социјалистите најавија дека доколку го добијат, ќе предложат привремената влада да стане редовна. Другите две коалиции соопштија дека ќе задржат некои техничките министри.

По неуспехот со првиот мандатар, претседателот  Радев нема рок до кога да го даде мандатот на втората политичка сила. Меѓутоа, однапред е познато дека кога и да се случи ова, обидот за формирање влада е осуден на пропаст.

Доколку пропадне уставната процедура за формирање влада, следуваат нови парламентарни избори. Дали ќе бидат заедно со претседателските, повеќе ќе зависи од 46. Народно собрание, а помалку од Румен Радев. Парламентот мора да закаже гласање за шефот на државата пред да се распушти. Гласањето може да биде најрано три и најдоцна два месеца пред истекот на мандатот на Радев. Ова значи дека првиот можен датум е 24 октомври, а последниот е 21 ноември.

„Овие сметки се без крчмар. Без гласовите на ИТН или ГЕРБ, кабинетот на една од трите партии што се борат за мандат не собира гласови“, коментираат дел од бугарските медиуми. зш/

Златко Шумковски / МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ