Во Бугарија денеска изборен молк, утре гласање на првите парламентарни избори во услови на пандемија. Гласачите ќе имаат можност да бираат меѓу 6 895 кандидати од 30 партии и коалиции регистрирани за учество на изборите за 240 места во бугарскиот парламент.
Иако, членка на ЕУ, Бугарија не само што неподготвена ја дочека пандемијата со Ковид-19, туку што наиде на разочарување кон досегашната бугарска власт.
На политичката сцена, предизборно, можеше да се сведочи на постојан конфликт меѓу премиерот Бојко Борисов и бугарскиот претседател Румен Радев и конфронтација помеѓу две водечки политички партии, владејачката конзервативна ГЕРБ (Граѓани за европски развој на Бугарија) и опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) , кој го поддржа претседателот Радев на претседателските избори. Истовремено, како што потсетува Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии со седиште во Љубљана (ИФИМЕС), Бугарија сè уште не е членка на Шенген и еврозоната.
Според анализата на ИФИМЕС, она што претстоеше како најава за парламентарните избори беше изедначена трка меѓу ГЕРБ и БСП. Коалицискиот капацитет, пак, на Движењето за право и слобода (ДПС), кој е поврзан со мафијашките структури и поблизу до ГЕРБ и негува односи со овие структури и функционира како картел, наместо како политичка партија, ќе биде важен за формирање на нова влада. Споредбено како што вели ИФИМЕС, ДПС има слична улога во политичкиот живот на Бугарија како Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Северна Македонија.
Како што пренесуваат медиумите, според повеќето аналитичари, ако околу 45% од гласачите излезат утре на гласање во Бугарија, тоа ќе им помогне на ГЕРБ и нејзините потенцијални партнери да останат на власт, но ако надмине 51%, можно е опозицијата да се обиде да формира нова влада. Меѓу 6 и 8 партии би влегле во новиот бугарски парламент, што би придонело до потешко и нестабилно формирање на идното владејачко мнозинство. Друг предизвик е и пандемијата со Ковид-19 што поради страв може да ги спречи постарите гласачи да гласаат.
За младите луѓе во Бугарија изборниот ден утре ќе покаже дали земјата е спремна за надминување на корупцијата и непотизмот. Доколку тоа не се случи, неизбежни се протести, но и барање решение надвор од државата.
Како што пренесува Дојче Веле, од разговорот со неколку млади луѓе од Бугарија, корупцијата, непотизмот, послушни медиуми – сето тоа ги принуди младите граѓани на Бугарија да протестираат минатата година, и ги мотивира да бараат промени преку конституирање на поинаков парламент. Но, како што велат малдите, шансите за такви промени се доста мали.
Што се однесува колку финализирањето на парламентарните избори ќе влијаат на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, барем од македонска страна, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, останува оптимист.
„Со завршувањето на изборниот процес во да вратиме амбиентна рационална дебата, која очекувам да се случи од понеделник со цел сериозен ангажман на двете страни во надминување на разликите за да се добие можност во јунско-јулските самити на ЕУ да се донесе консензус по однос на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција“, изјави Османи на денешната прес-конференција на која го претстави новиот план на МНР Рефлексија 20-30.