ЦИВИЛ на граѓаните и граѓанките на Република Северна Македонија им го честита 11 октомври, Денот на народното востание
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
ИЗБОРЕН РАПОРТ: „Изборен рапорт“ #13, ЦИВИЛ ќе го емитува денеска (понеделник,11 октомври), во 11:30 часот. „Изборен рапорт“ со најновите информации од изборниот мониторинг се емитува во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.
ОБУКИ Во текот на денот, организацијата ќе објави и датуми за онлајн обуките за изборните набљудувачи. Сите членови, поддржувачи, соработници и набљудувачи на ЦИВИЛ се повикуваат редовно да ги следат рубриките АКЦИЈА, ИЗБОРИ, МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Изборни активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ во Могила и во Прилеп, на кои ќе се обратат лидерот на СДСМ Зоран Заев и кандидатите за градоначалници.
Изборни активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ продолжува во Скопје на кои ќе се обратат лидерот на СДСМ Зоран Заев и кандидатите за градоначалници во Ѓорче Петров ,Центар и Карпош
Во рамки на вториот караван „Најдоброто за мојата општина“ ќе се обратат Љупчо Николовски и кандидатот за градоначалник Горан Трајковски.
Изјава за медиуми на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата во промотивниот штаб на СДСМ во Аеродром.
Демократската унија за интеграција ја продолжува изборната кампања во општина Чаир, каде ќе ги претстави кандидатот за градоначалник Висар Ганиу и листата на кандидати за советници со носител на листа Сермине Пурини.
Прес-конференција на Демократската унија за интеграција пред основното училиште во с. Здуње.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Кичево, во Долнени , во Кривогаштани , во Крушево и во Прилеп.
Кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Данела Арсовска по повод 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, ќе положи свежо цвеќе на споменикот „Ослободители на Скопје”, а потоа во изборниот штаб ќе одржи прес-конференција.
Прес-конференција на кандидатката за градоначалник за Град Скопје од листата на Зелен Хуман Град, Ана Петровска во паркот „Жена Борец“.
Прес-конференција на Твоја партија во Скопје.
Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП во Гевгелија и Демир Капија.
Изборни активности на Движењето Беса во Теарце.
Прес-конференција на Шанса за Центар, Зелените од Гази Баба, Inicijativa Më mirë për Tetovën / Подобро за Тетово, Независна за Карпош – за заштита на Карпош, Стига е – фронт против рудникот и загадувачите на животната средина за општина Струмица, Босилово и Ново Село на платото пред ДИК.
НАСТАНИ
СВЕЧЕНОСТ: Претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати на свеченоста по повод 80-годишнината од Денот на народното востание – 11 Октомври, во меморијалниот комплекс „Могилата на непобедените“ во Прилеп, каде ќе положи цвеќе.
– Пред спомен костурницата во Куманово, по повод 11 октомври, Денот на народното востание, венци свежо цвеќе ќе положат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Илхан Рахман.
НАГРАДИ: Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели државната награда „11 Октомври“ за 2021 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев