Кривичниот суд денеска за случајот „Змиско Око“ за четворица вработени во патарината донесе ослободителна пресуда од обвинение за злоупотреба на службената положба, а на останатите им пресуди условни затворски казни.
Судењето кое трае со години повторно ќе оди пред Апелациониот суд бидејќи осудените се незадоволни од пресудите кои денеска ги добија по трет пат, пренесува Телма.
Обвинетите биле вработени на наплатни рампи низ земјата кои не издавале фискални сметки за платените патарини, а парите меѓусебно си ги делеле.