Четворица загинаа, а 20 лица се повредени при судир на два автобуса во југозападна Русија, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.
До судирот дошло синоќа во регионот Воронеж, недалеку од Новаја Усман.
Судирот се случил кога автобусот застанал поради технички проблем, а тогаш наишол другиот и удрил во него, соопшти полицијата. (МИА)