Вредноста на акциите на германската автомобилска компанија Дајмлер паднаа за 1,76 проценти денеска, откако весникот „Билд ам Зонтаг“ објави дека околу милион возила на оваа компанија имале софтвер кој ги фалсификува резултатите од испитувањата на издувните гасови.
Директорот на Дајмлер, Дитер Зече, денеска ќе има средба во Министерството за транспорт на Германија, да разговара за најновиот ваков скандал што погоди германска компанија. Претходно Фолксваген беше казнет 30 милијарди долари откако американски истражувачи открија дека возилата имаат софтвер кој го менува режимот на работа на моторот додека се врши испитување со кое се утврдува колку штетни гасови се испуштаат во атмосферата. Дајмлер е водечки светски производител на камиони, а е најдобро познат по брендот Мерцедес.
(МИА)