Премиерот Зоран Заев, на трибината во Велес „Силна економија – шанса за сите“ (26 јануари), најави дека концептот повраток на ДДВ за секој граѓанин подразбира секој да добие потрошувачка картичка која ќе евидентира сè што троши.
Од 1 јули го стартуваме концептот повраток на ДДВ, односно од секоја издадена фискална сметка секој граѓанин ќе има 15% повраток на средствата.
Проекцијата е дека најмалку 150 милиони евра годишно ќе се вратат назад кај граѓаните. Ги враќаме парите назад кај граѓаните. pic.twitter.com/FjpwxcVGFB
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) January 27, 2019
„Секој граѓанин со тоа што ќе си врати 15% од ДДВ, ќе биде инспектор… Секој ќе биде принуден да издава фискална сметка. Проекцијата е дека дополнително, не помалку од 300 милиони евра ќе дојдат во буџетот. Не помалку од 150 милиони евра годишно ќе се вратат назад кај граѓаните“, изјави Заев.
Концептот повраток на ДДВ или 15% повратни средства од секоја фискална сметка за секој граѓанин, ќе започне од 1 јули оваа година.
Б. Ј.