• Latest

Дебата 30 години граѓанско општество: НВО секторот даде голем придонес во демократизацијата на општеството

September 29, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дебата 30 години граѓанско општество: НВО секторот даде голем придонес во демократизацијата на општеството

September 29, 2021 14:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Анализата „Аналитички осврт на развојот на граѓанското општество од независноста на државата до сега“, подготвена од Наташа Габер Дамјановска, беше презентирана на дебата „30 години граѓанско општество“ посветена на развојот на граѓанското општество, граѓанскиот активизам и трендовите во функционирањето на граѓанските организации во последните 30 години, што се одржа денеска во Скопје.

Пред почетокот на дебатата, директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Александар Кржаловски истакна дека ситуацијата во државата и по 30 години „не е многу розова“.

– Има многу работи на кои може да се биде горд, бидејќи еден од главните придонеси е токму за демократизацијата на општеството и дека голем е придонесот на граѓанските организации. Потоа, поддршката на ранливите групи, односно кревањето на гласот за нивните права и зголемување на видливоста и секако решевањето на нивните проблеми, од лицата со посебни потреби со хендикеп, родовите прашања итн. Така што има многу што да се пофалиме, но за жал би рекол, недоволно, бидејќи ситуацијата во државата и после 30 години не е многу розова, тоа од една страна отвара уште многу работа, рече Кржаловски.

Со последната промена на власта, како што посочи, имаше интересна транзиција – голем дел од лидерите во граѓанскиот сектор се префрлија на владина страна, токму да придонесат со тоа што го говореле или работеле долги години во гаѓанскиот сектор, сега да го спроведат на дело.

– Дали е тоа добро или не е прашање на оценка. Но, генерално повеќе го гледам проблемот во самите партии и нивните статути кои се уште не се деморкатски, така да речам, односно форсираат лојалност кон лидерот и партијата, наместо секирации за државата, да попмогнат во развојот на државата, за жал, заради таквата поставеност се прави тој затворен круг и тонеме се повеќе во корумпираност и злоупотреба на фунцкиите на политичарите, истакна Кржаловски.

Сашо Клековски, аналитичар на дебатата „30 години граѓанско општество“

Според аналитичарот Сашо Клекоски, тоа што не влече наназад се политичките партии.

– Граѓанското општетво и политичките партии се сестри по правото на здружување, бидејќи ние сите потекнуваме од уставното право на здружување. Ми се чини дека ако се направат два или три чекори напред, со залагање на граѓанското општество и на граѓаните, се прават неколку чекори назад од политиката и такви примери имаме повеќе. Комисијата за недискриминација која беше врв на напорите на граѓанското општество за борба против дискриминацијата, стигнавме до закон, до комисија, меѓутоа кога тоа прејде во државни раце се разводени, се повеќе служи за назначување на заслужни кадри, отколку за вршење на функцијата, рече Клекоски.

Клучни поместувања во екологијата, во родовата еднаквост, во статусот на лицата со посебни потреби, смета тој, се направени исклучиво заради притисокот од граѓаснкото општество

– Не смееме да го изгубиме оптимизмот и да се бориме понатаму да се подигнат стандардите во земјава, рече Клекоски.

Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и поранешен уставен судија, вели дека според анализите, навистина граѓанските организации успеваат да пробијат, секој во својата област и аспект на интерес, како на пример женските организации, сите организации по однос на правата коишто се гарантирани со законот кој се тангира за нив, бројни други документи, локална самопурава, проекти во соработка со локалната самоуправа.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ