Во рамките на Деновите на медиумска писменост, проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“, спроведуван од „Метаморфозис“ и „Евротинк“, со поддршка на Европската Унија, денеска организира јавна панел-дискусија на тема пристапи во борбата против борба против дезинформации, со посебен акцент на дезинформациите поврзани со пандемијата на Ковид-19.
На настанот прв пат ќе бидат претставени и прелиминарните резултати на истражувањето спроведено во рамките на „Критинк“ за односот на општата јавност кон медиумската писменост. Претставниците на „Метаморфозис“ ќе ги презентираат и досегашните искуства од партнерството со „Фејсбук“ во рамките на програмата за проверка на факти.
Панелисти на настанот: Зоран Бојаровски, советник на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за медиумски реформи, Бардил Јашари, извршен директор, Фондација „Метаморфозис“, Марина Тунева, извршна директорка, Совет за етика во медиумите на Македонија, Љупчо Петковски, истражувач, Центар за европски стратегии – „Евротинк“ и Владимир Петрески, уредник на „Критинк“ и „Вистиномер“, Фондација „Метаморфозис“. Модератор ќе биде Филип Стојановски, раководител на „Критинк“, Фондација „Метаморфозис“.
Панелот ќе овозможи дискусија меѓу претставници на државните институции, граѓанскиот сектор и медиумската заедница, со цел посочување на постојните и воспоставување нови синергии во јавен интерес.
Во рамките на настанот прв пат ќе бидат претставени и прелиминарните резултати на истражувањето спроведено во рамките на „Критинк“ за односот на општата јавност кон медиумската писменост. Претставниците на „Метаморфозис“ ќе ги презентираат и досегашните искуства од партнерството со „Фејсбук“ во рамките на програмата за проверка на факти.
Панелот освен разговор меѓу панелистите ќе овозможи и дијалози со публиката, преку можности за поставување прашања или искажување мислење од страна на сите учесници.
Настанот ќе биде отворен за јавноста и ќе се одвива онлајн-преку платформата „Зум“, а ќе се емитува и во живо преку фејсбук-страницата на „Критинк“.
https://techsoupglobal.zoom.us/j/96927394956?pwd=UVdHV0lLVzR6WG1uUzAwTDducHZMdz09
Д.М.