Во Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска Институтот за комуникациски студии ќе организира дебата на тема „Младите и онлајн конзумеризмот“.
– На настанот ќе се дискутира за тоа како корпоративниот свет ги таргетира младите, што велат истражувањата за навиките на децата и тинејџерите кога се на социјалните мрежи, како се прави „микротаргетирањето“ на оваа публика? Свесни ли се младите дека некој ги „демне“ нивните кликови, претраги по интернет? Свесни ли се за скриеното или отвореното рекламирање производи на инфлуенсерите? Имаат ли контролен филтер за ваквите содржини? Каде се институциите, а каде се родителите во нивниот онлајн живот, соопштија од Институтот.
ИКС настанот го организира како дел од „Неделата против лажните вести“ во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост“ што го финансира Европската Унија.