По повод 9 мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, делегација од кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, оддавајќи им почит на борците.
Како што соопштија од Кабинетот на шефот на државата, во состав на делегацијата се Блерим Кољали, посебен советник за национална безбедност, Валентин Димевски, посебен советник за безбедност и одбрана и Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот.