Претседателот на Народна партија на Ромите и кандидатот за пратеник, Геге Демировски, денеска подели храна на најзагрозените кои се сместени во „Момин поток“ и Шуто Оризари.
Тој ги повика надлежните да им помогнат на најзагрозените кои едвај преживуваат во овој кризен период на корона вирусот.
https://www.facebook.com/gege.gegejeanss/videos/1078871719148152/?t=31
Демировски во своето видео обраќање на Фејсбук ги повика граѓан(к)ите во име на Алах (Господ), а не во име на политиката, да им донираат храна на најсиромашните.
Тој истакна дека утре ќе подели по една вреќа брашно на најзагрозените, донација од еден граѓанин Албанец, бидејќи во овој момент не е битна нацијата како што вели, битно е да се биде хуман и да се помага.
Тој ги повика сите да помoгнат, а не само кога им требаат гласовите од Ромите.
Демировски истакна дека во овој момент пазарот во Шуто Оризари е затворен од каде егзистираат поголемиот дел од Ромите, и затоа помоштта е неопходна.
Д.М.












