Categories

ПРОТЕСТ Демонстрантите во Тирана се обидоа насилно да влезат во парламентот

Опозициските демонстранти синоќа се обидоа да го пробијат полицискиот кордон во Тирана и да упаднат во зградата на парламентот. Полицијата одговори со солзавец, па поддржувачите на опозицијата фрлаа разни тврди предмети и петарди кон полицискиот кордон.

Синоќа демонстрантите, по третпат во месецов се собраа пред парламентот во Тирана и палеа автомобилски гуми и фрлаа бакли, обидувајќи се да ги спречат пратениците да влезат. Со нив во тоа време беа и опозициските пратеници кои побараа прекинување на пленарната седница.

Опозицијата предводена од Демократската партија тврди дека левичарската влада на премиерот Еди Рама е корумпирана и поврзана со организиран криминал. Опозициските пратеници бараат да биде формирана преодна влада и да бидат распишани вондредни избори.

Лидерот на опозицијата во Албанија, Љуљзим Баша, на крајот од вчерашниот протест во Тирана повика на граѓанска непослушност.

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email