И денеска, седмиот ден откако официјално започна кампањата за локалните избори, со несмалено темпо продолжуваат активностите на партиски и независните кандидати за градоначалници и советници за локалните избори. Најавени се повеќе прес конференции, митинзи и средби со граѓаните,на кои ќе се претставуваат на кандидатите, изборните програми и ветувања.
Алијанса за Албанците и Алтернатива
кандидатот за градоначалник на АА и А за Тетово, г -дин.Вулнет Мурсели денеска на отворање на изборниот штаб во населбата Горна чаршија, штабот во Мала Речица и штабот во Сончев брег,
Од 13:00 часот, во седиштето на Алијансата за Албанците во Скопје, ќе се одржи
прес конференција за медиуми.
ФРАШ во Гостивар органириза „Спортска недела“, Малеарди каде ќе бидат присутни претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
СДСМ
Централниот караван „Најдоброто“ е меѓу граѓаните на Желино, Брвеница, Боговиње, Урвич, Јегуновце, а на централниот настан во Тетово ќе се обратат претседателот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Хамдија Елезовиќ.
Во рамки на вториот караван „Најдоброто“ ќе се обратат потпретседателот на СДСМ Венко Филипче и кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров Александар Наумовски
Изјава за медиуми на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на СДСМ и Коалицијата за општина Аеродром во Долно Лисиче.
ВМРО-ДПМНЕ
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во повеќе населени места: Куманово, во Карпош, и во Кисела Вода.
Прес-конференција на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Данела Арсовска во Скопје.
ДУИ
Демократската Унија за Интеграција ќе одржи пред изборен митинг во Општина Студеничани, каде ќе го претстави кандидатот на Демократската унија за интеграција за градоначалник на општина Студеничане, Ејуп Абази, кој ќе ја презентира Изборната програма за општина Студеничане.
ДОМ и ЛДП
Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“, предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП во Кичево, Демир Хисар, Маврово-Ростуше.
Прес-конференција на кандидатите за градоначалник на Град Скопје Арбен Бени Шакири и кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров Љупчо Јаневски
НЕЗАВИСНИ
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Ана Петровска, заедно со независната советничка листа на Зелен хуман град ќе ја промовираат програмата за градоначалник на Град Скопје 2021 – 2025 година во Градски парк.
БЕСА
Изборни активности на Движењето Беса во Порој.
ТВОЈА ПАРТИЈА
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје и носителот на советничката листа, Александар Тортевски и Агим Јонус ќе ја претстават програмата за Град Скопје. пред седиштето на ТВОЈА партија.
КПМ
Кандидатот на Комунистичката партија на Македонија за градоначалник на Град Скопје, Горан Арсовски ќе ја претстави Изборната програма на паркингот на Средно Водно.
Изборната кампања за Локалните избори официјално започна на 27 септември, и ќе трае до 15 октомври.
ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ВО МОНИТОРИНГОТ НА ЦИВИЛ
ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат изборни нерегуларности, притисоци и закани, корупција на Граѓанската пријава и да не подлегнуваат на дезинформациите и говорот на омраза.
ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности.
ЦИВИЛ континуирано ги повикува сите политички партии да се придржуваат кон Изборниот законик и добрите изборни практики. Изборниот законик има голем број слабости и не секогаш тоа што е дозволено со законот е и етички исправно.
Д.Мишев