УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Кога настануваат желбите? Зошто постојат ако знаеме дека нема да се исполнат и нивното остварување зависи од некоја виша сила? Вакви дилеми ми се вртат низ главата додека во ноќта пред Богојавление гледам во месечината, која е во полна форма и стои како закачена над мојот град. Се обидувам да допрам до неа, да ми ја објасни нејзината улога во тој процес на пренесување на желбите до севишните простори. Кои желби и се прифатливи, а кои ги става во фиока? Се мислам, дали е благоугодно да замислам желба само за себе или за пошироката моја околина, за мојот народ или за сите луѓе на светот? Месечината си молчи и не ми дава некаков сигнал што ќе ми помогне. За целиот свет желби изгледа има најмалку, иако носители на предлози за нив има најмногу. За мојот народ, некој да му посака добра среќа како поединечна желба, некако и овде се сомневам., пишува Војо Маневски во новата колумна на „Богојавление“.
СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Денешниот Утрински брифинг од 7.30 до 11 часот е во тек!
„Утрински брифинг“ е местото каде секој работен ден од 7.30 до 11 часот, низ динамична програма со актуелни информации, анализи и разговори со гости, се поставува општествено-политичката агенда на денот.
Брза пошта, ВАША рубрика во Слободна зона: Останете гласни!
Неодамна, Цивилмедиа.мк воведе нова рубрика – „Брза пошта“, каде што авторките и авторите можат да ги овековечат своите мисли, белешки и пораки. Во трката со времето, често се нема време за пишување долги и елаборирани коментари и анализи, а потребна е брза реакција. Затоа, Редакцијата одлучи да отвори таков простор кој може да послужи и како своевидна комуникациска алатка, размена на мисли и пораки, но и вовед во пошироки анализи и мислења.
НАСТАНИ
ГРЕЕЊЕ: Откако Владата вчера го одобри текстот на Договорот за деловно-техничка соработка, со кој се регулираат меѓусебните права на Производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ), од денеска ЕСМ треба да го преземе управувањето со топлинската енергија. Согласно овој договор, БЕГ ќе го стави на увид на АД ЕСМ целокупното свое деловно работење до денот на склучување на овој договор, а од денот на склучување на овој Договор ќе му даде согласност на АД ЕСМ да управува со сите деловни активности на БЕГ, со сите трансакциски сметки, како и со наменската сметка која што БЕГ ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно техничка соработка
КОНФЕРЕНЦИЈА: Институтот за комуникациски студии и Македонското еколошко друштво денеска организираат завршна конференција на тема „Здружени за поздрава животна средина“. Како што е најавено, на конференцијата ќе се обрати Штефен Худолин, шеф за соработка на Делегацијата на Европската Унија, а експерти, новинари и активисти ќе говорат за заштитата на животната средина, граѓанскиот активизам и за улогата на медиумите како важна алка во заштитата на јавниот интерес и човековите права.
Конференцијата се организира како дел од проектот „Локална акција за подобри политики за заштита на животната средина“, што го реализира Институтот за комуникациски студии во партнерство со Македонското еколошко друштво, а со финансиска поддршка на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).
АПЕЛ: Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелираат до медиумите доследно да го почитуваат Кодексот на новинарите на Македонија кога известуваат за настани во кои има трагични последици проследени со загубени човечки животи. ЗНМ и СЕММ соопштија дека со загриженост реагираат на ширењето на сензационалистички наслови и информации по сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во која, според официјални информации, животот го загуби 25-годишна девојка.
СРЕДБА: Претседателството на Клубот на пратенички во Собранието денеска ќе одржи средба со студенти од Универзитетското училиште за напредни меѓународни студии „Џон Хопкинс“ од Јапонија.
– Оваа средби е од големо значење за студентите, кои се вкупно 12 на број и нивниот професор Стивен Шнеебаум од Меѓународната клиника за човекови права, со цел да обезбедат практично искуство од областа на човековите права, а секоја година одбираат прашање и земја за истражување во период од два семестра, што резултира со сеопфатен извештај и заклучоци, соопшти собраниската Прес-служба.
На иницијатива на магистрантот Јунг-Ју Чанг, годинава во фокусот на овие студенти се правните инструменти, домашните и меѓународните институции и законската рамка на земјава за борба против трговијата со луѓе. Нивната цел е да спроведат интервјуа и состаноци, кои ќе ги искористат за нивното истражување.
На средбата ќе присуствуваат претседателката на Клубот на пратенички, Лолита Ристова и членките на Претседателството, Гордана Сиљановска-Давкова, која е и претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, и Јасмина Димитриева од Советот на Европа, која накусо ќе информира за проектот за превенција и борба против трговијата со луѓе на ЕУ и Совет на Европа.
КУЛТУРА: Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски денеска ќе го отвори 13. Меѓународeн филмски фестивал „Историка“ во Кјото, Јапонија. Манчевски ќе гостува виртуелно на фестивалот и по проекцијата на филмот ќe учествува онлајн во дискусијата со публиката.
Јапонскиот фестивал „Историка“ е уникатен во светот поради тоа што во фокусот има филмови со историска тематика. Мотото на фестивалот е „Поврзување со иднината преку историски филмови“, a седиштетото е во филмските компании „Тоеи“ и „Шошику“, прославени по самурајските филмови. Фестивалот секоја година прикажува нови историски филмови од целиот свет, а, како што вели директорот Кен Такахаши, годинава избрал да го отвори со „величествениот филм ‘Врба’“.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев