Германската Амбасада во Скопје денеска слави 30 години од Денот на германското обединување на отворено на плоштадот Македонија, со порака од Амбасадорката на СР Германија и со краток филм изработен од македонски филмаџии, кои победија на малиот натпревар по повод Денот на германското единство. Заради состојбата соКовид-19, настаните за одбележување на денот се одвиваат без физичко присуство со подготвени видео материјали достапни за сите што сакаат да ги проследат.
Видеото ќе се прикажува денеска на големиот екран на Плоштад Македонија.
На денот на германското единство се потсетува на повторното обединување на Германија, кое беше “завршено со влегувањето во сила на пристапот на Германската Демократска Република во Сојузна Република Германија на 3 октомври 1990″. Бранденбург, Мекленбург-Западна Померанија, Саксонија, Саксонија-Анхалт и Тирингија, како и Берлин во целост, станале сојузни земји на Сојузната Република Германија. Од почетокот на деветнаесеттиот век „германското единство” е стремеж да ги собере германските земји во една држава. Мотивот на единство е исто така во германската национална химна како “единство” повторно.
ЦИВИЛ го честита Денот на германското единство на Сојузна Република Германија, која е долгогодишен поддржувач и соработник на организацијата, со пораки на благодарност и понатамошно успешно сојузништво.