„Корупцијата во Република Северна Македонија има пуштено такви корени во општеството што тешко може да се справиме со нејзе. Особено затоа што очигледно е дека оние што се на власт немаат доволно решителност да надминат еден таков систем кој беше претходно воспоставен уште во деветдесеттите, а продолжи и во двеилјадитите. Нема решителност да се збрише од лицето на земјата еден коруптивен систем, туку се презема и се прават козметички измени. Тоа е суровата реалност која нам ни дава простор да се сомневаме дека сите негативни трендови и процеси кои ги гледаме во општеството се всушност или намерно толерирани, па дури и генерирани во центрите на моќ“, изјави Џабир Дерала на конференцијата #Перспективи2019 во организација на ЦИВИЛ.
#Перспективи2019 се одржа на 13 февруари во Кино Култура, а свои излагања имаа германскиот амбасадор Томас Герберих и Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, проф. Мирјана Најчевска, Џевдет Хајредини (поранешен министер за финансии), Александар Кржаловски (МЦМС), Мерсиха Смаиловиќ (Легис), Кочо Андоновски (Центар за поддршка на ЛГБТИ+) и Фатон Алити. Освен, Дерала во име на ЦИВИЛ зборуваа Дехран Муратов и Биљана Јордановска.
Обработка на текст и монтажа: Б. Јордановска