„Сметам дека национализмот навистина е во подем, но се користи најподмолно, најнечовечки како алатка за пари и моќ. Како алатка да се стекне што е можно подобра позиција ов преговорите со оној што ја води власта на локално или на централно ниво. Не се вистински патриоти тие што пропагираат национализам, омраза, гасни комори, сатари … Знаеме и ги имаме сите аргументи да го потврдиме тоа дека тоа се само луѓе што сакаат повеќе моќ и повеќе пари“, изјави Џабир Дерала на конференцијата #Перспективи2019 во организација на ЦИВИЛ.
#Перспективи2019 се одржа на 13 февруари во Кино Култура, а свои излагања имаа германскиот амбасадор Томас Герберих и Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, проф. Мирјана Најчевска, Џевдет Хајредини (поранешен министер за финансии), Александар Кржаловски (МЦМС), Мерсиха Смаиловиќ (Легис), Кочо Андоновски (Центар за поддршка на ЛГБТИ+) и Фатон Алити. Освен, Дерала во име на ЦИВИЛ зборуваа Дехран Муратов и Биљана Јордановска.
Обработка на текст и монтажа: Б. Јордановска