Доцна во ноќта пристигнуваат и првите цртички на анализата. На мониторинг тимот, добро им е познат дел од оние што и оваа трагедија ја искористија да шират омраза на социјалните мрежи или „одеднаш“ покажаа „загриженост“ за тоа кој може да биде одговорен за трагедијата. Пожарот сѐ уште беснееше, но тие веќе навлезени „длабоко во Фејсбук-Твитер-истрага“, читајте во едиторијалот на Џабир Дерала „Храброста и човечноста наспроти бездушноста и омразата’’
Се разбира дека предизборната кампања за локалните избори е во полн ек, многу недели пред нејзиниот официјален, законски почеток. Во тоа учествуваат сите партии од опозицијата и власта, како и независните кандидати, што атмосферата во јавноста ја прави изборно наелектризирана по веќе видените теркови на општо напаѓање на секој против секого, често и на теми кои немаат врска со локалниот живот на населението. На тоа веќе одамна навикнавме, пишува во својата колумна „Локални избори – „сламка за спас“ на партиите’’, Сашо Орданоски.
ТРАГЕДИЈА: Покрај тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово, синоќа излегоа и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство од Скопје. На местото на настанот беше и јавниот обвинител на Република Северна Македонија кој присуствуваше и на работата на Кризниот штаб, информираат од ОЈО.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ: До полноќ граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список и да достават барања за дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија. Рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври истекува во сабота на 11 септември.
СУДСТВО: Судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз“ се одложува за 22 септември, поради изолација на еден од обвинетите согласно протоколите за заштита од Ковид – 19, информираат денеска од Основниот кривичен суд во Скопје.
КУЛТУРА: Кристијан Бергер, професор на Филмската академија во Виена, годинешен добитник на златна „Камера 300“ за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“ е еден од најприсутните светски кинематографери на Фестивалот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.