• Latest

Дескоска: Да ги надминеме опасностите од епидемијата и успешно да ги имплементираме реформите во правосудството

March 31, 2020

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дескоска: Да ги надминеме опасностите од епидемијата и успешно да ги имплементираме реформите во правосудството

March 31, 2020 14:14
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за правда Рената Дескоска по повод Денот на правосудство на судиите и јавните обвинители, адвокатите, вработените и други претставници на правосудниот сектор им посакува добро здравје, надеж за брзо нормализирање и справување со оваа состојба и успешна имплементација на реформите во правосудството.

-Дозволете ми да ве информирам дека со утврдувањето на постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија, се јави потреба од донесување на Уредба со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба и постапувањата на судовите и јавните обвинителства, пишува Дескоска.

Оваа уредба, како што појаснува, се донесе за заштита на здравјето на сите учесници во постапките пред судовите и обвинителствата, без да биде нарушено правилното спроведување на правдата.

-Во неа е уредено не само прашањето за запирање на течењето на роковите туку и се овозможува одржување на расправии и сите дејствија на постапките преку интернет со употреба на електронски средства. Законските и преклузивните рокови за поднесување на тужба во парнична постапка, приватна тужба во кривична постапка, предлог за кривично гонење, предлог за поведување на вонпарнична постапка, поднесување на барање за присилно извршување, постапка за обезбедување на побарувањата, тужба за поведување управен спор, иницирање на постапка пред Уставен суд или иницирање и поведување на друга судска постапка, престануваат да течат во моментот на стапување во сила на оваа Уредба се до престанување на вонредната состојба, истакнува министерката за правда.

Посочува дека роковите за застарување за кривично гонење, поведување и водење на прекршочна постапка, за извршување на кривичните и прекршочните санкции престануваат да течат течат од денот на стапување во сила на оваа уредба, па се до завршување на вонредната состојба.

-Во кривичните и прекршочните постапки, роковите за изјавување на жалба или приговор на одлуките со кои постапката завршува, како и за изјавување на вонредните правни лекови, престануваат да течат течат од денот на стапување во сила на оваа уредба, па се до завршување на вонредната состојба, нагласува Дескоска.

Исто така, како што вели министерката за правда, се наведува дека издавањето на упатните акти за изречена казна затвор до три години се одложува до 1 септември 2020 година, освен за предмети каде што постои опасност за застарување на извршување на казната.

На судиите–поротници пак, на кои мандатот им истекува за време на траење на вонредната состојба, по сила на оваа Уредба, мандатот им се продолжува се до завршување на постапката по судскиот предмет.

-Доколку некој суд или негово одделение, заради преземени мерки за спречување на ширење на вирусот КОВИД-19 (изолација на судии и сл.), не може да постапува по итни предмети, се предвидува дека Судскиот совет ќе определи да постапува друг стварно надлежен суд од ист степен, истакнува Дескоска.

Воедно, посочува министерката за правда, Судскиот совет може да донесе одлука и да пропише начин за одржување на расправи и преземање на сите други дејствија на постапката со користење на електронски технички средства кои обезбедуваат двонасочна комуникација без заедничко физичко присуство на учесниците во постапката.

Министерката Дескоска упати апел сите судови и јавни обвинителства да се придржуваат на одлуките на Судскиот совет на Република Северна Македонија, за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19 и на Задолжителните упатства на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, донесени во врска со вирусот КОВИД-19, како и на препораките на Министерството за здравство.

-На сите ви посакувам пред сè добро здравје. Заедно и солидарно да ги надминеме опасностите од епидемијата и така со заеднички сили да ги почнеме преговорите со ЕУ. Од сега натаму, од сите нас зависи!, пишува во писмото министерката за правда Рената Дескоска.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ