• Latest

Дескоска: Подобро да имаме помалку судии, но да бидат квалитетни и професионални

November 18, 2019
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дескоска: Подобро да имаме помалку судии, но да бидат квалитетни и професионални

November 18, 2019 16:12
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Не ме загрижува фактот што процесот на пополнување на судии е побавен. Сметам дека е подобро да имаме помалку, но квалитетни и професионални судии, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска. 

Одговарајќи на новинарски прашања, Дескоска рече дека присуството на судии кои се срам за професијата, носи поголема штета отколку да има дефицит на судии.

Посочи дека Министерството за правда има задача да создаде законска рамка која ќе значи непристасно независно судство и можност за ефикасни судски постапки, но оти имплементацијата е во надлежност на Судскиот совет и судовите.

– Сега на нив е одговорноста да направат соодветна имплементација на законската рамка со цел да имаме навистина враќање на довербата во судството. Никој во нашата држава нема дилема дека кога се прават анкети оти довербата во судството е на најниско ниво, но задача на самите судии и на судскиот систем е да си ја вратат таа доверба. Нивната задача е со сопственото работење да го вратат сопствениот кредибилет и довербата, рече Дескоска во изјава дадена во рамки на Министерскиот состанок ЕУ – Западен Балкан на која присуствуваат и еврокомесарите за правда и за внатрешни работи Вера Јоурова и Димитрис Аврамоплос. 

Во однос на ветингот, Дескоска рече дека има бројни земји чии примери може да се следат и оти не се испитува само имотната состојба на судиите, туку и влијанието од разни лоби групи, адвокатски групи или кој било во носењето на нивните одлуки или во одложувањето на одредени судски процеси.

-Примерите кои постојат во одредни земји се добредојдени и покажуваат дека ако почне сериозен процес на ветинг, често пати самите судии не се подложуваат. Оние кои имаат дамки во нивното професионално портфолио се повлекуваат уште пред да го поминат процесот на ветингот, истакна Дескоска. 

Таа посочи дека и на денешната средба со еврокомесарката за правда Вера Јоурова на која станало збор за натамошно продолжување на реформите, било отворено и прашањето за ветинг кај судиите при што од наша страна биле кажани аргументи за тоа што треба да биде основа за спроведување на тој процес кај нас, за што добиле поддршка. 

Одговарајќи на новинарско прашање, за дебатите за промена на Кривичниот законик кои се водат во Уставниот суд, рече дека од позиција на министер на правда не би требала да коментира, но посочи дека обврска на Устваниот суд е да ја цени уставноста, а не дали казнената политика е соодветна или не. 

– Јас се надевам дека Уставниот суд ќе постапи согласно со своите уставни надлежности, рече министерката за правда. 

Инаку, реформите во правосудството, владеење на правото, условите во затворите и она што значи реформа во изборниот систем односно обезбедување фер и демократски избори се темите на кои ќе се зборува на Министерскиот состанок ЕУ Западен Балкан на кој учествуваат министри за правда и за внатрешни работи што денеска и утре се одржува во Скопје. 

Дескоска  изрази задоволство што нашата земја е домаќин на состанокот особено по недонесувањето на одлуката за почеток на преговори. 

-Целта на овој состанок е да ја потврдиме уште еднаш нашата заложба за евроинтеграција и очекувам истата заложба да биде потврдена и од страна на претсвниците на ЕУ за отварање на патот на преговори за нашата држава. Очекувам дека ќе го добиеме уште еднаш признанието за реформите кои што се направени во сферата на правдата кои беа дадена како признание на последниот сдостанок. На сите ни е јасно дека неотварањето на преговори е заради внатрешните дебати кои ги има ЕУ, но секако е многу битно еврокомесарите, финската министерка под чие претседателство се одвива овој состанок, како и другите претстваници на ЕУ да го развберат значењето за отворањето прегвори за нашата држава, како мотив во водењето на реформите во сфеата на правдата и внатрешните работи, за што ќе се разговара утре, рече Дескоска. 

На новинарско прашање таа кажа дека неотврањето на преговорите воопшто не е заради забелешки во сферата на правдата и на внатрешни работи, и посочи на заклучоците на Советот на ЕУ и на извештаите на ЕК каде, вели, јасно се гледа  дека од наша страна е исполнето се што било предвидено како услов за почеток на преговорите, особено ако се направи анализа на извештаите за земји кои веќе се членки на Унијата или се во фаза на преговори каде ќе се види дека нашиот извештај е многу подобар од тие извештаи. 

-Ние како држава не дадовме никаков повод за недонесувањето на одлуката, потенцира Дескоска. 

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ