Во Венецуела се развива криза на човековите права: илјадници Венецуелци излегоа на улиците да протестираат поради сериозната институционална криза и кризата со човековите права што ја зафатија земјата.
Венецуелците гладуваат, а поради инфлацијата и оскудноста многу луѓе не можат да си дозволат или не можат да најдат нешто за јадење. Цели семејства, особено деца, се во потрага по остатоци од храна. Наместо да се бараат решенија, властите реагира со испраќање на воени и полициски службеници на улиците за да апсат возрасни лица и деца.
Безбедносните сили на Венецуела приведуваат деца за нивно наводно протестирање во Венецуела. За само една недела, приведени се 77 деца под 18 годишна возраст, вклучувајќи и 12 годишно девојче. Има и извештаи за тоа дека на судии им се врши притисок да казнуваат деца, како начин за да ги одвратат луѓето во граѓанското општество од протестирање.
Протестирањето претставува човеково право – и користењето куршуми во обид да се замолчат оние кои имаат легитимни барања за нивните човекови права води само кон понатамошна криза во Венецуела.
Ова не е прв пат во Венецуела да се врши напад врз младите од страна на властите. Младите во Венецуела живеат во сиромаштија и се убиени и криминализирани од страна на властите за тоа.
Сиромаштијата и опстанокот не се кривично дело. Амнести Интернешенал повикува на акција за човекови права: Кажете ѝ на владата на Венецуела: Деца не смее да има во затвори.