• Latest
Photo by Mika Baumeister on Unsplash

Децата меѓу најчестите жртви во трговијата со луѓе, апел до граѓаните да ги почитуваат мерките, пожарите под контрола

August 10, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Децата меѓу најчестите жртви во трговијата со луѓе, апел до граѓаните да ги почитуваат мерките, пожарите под контрола

August 10, 2021 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Photo by Mika Baumeister on Unsplash

Photo by Mika Baumeister on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Децата во најголем процент меѓу идентификуваните жртви на трговијата со луѓе, најчеста сексуалната експлоатација

КОВИД пандемијата не остави некоја посебна промена во однос на борбата против трговијата со луѓе односно и натаму остануваат присилните бракови и сексуалната експлоатација, при тоа можеби малку повеќе се зголеми влијанието на интернетот како начин на врбување на децата, вели за МИА, Љупчо Маркудов, началник на Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти и помошник раководител на Националната единица за сузбивање криумчарење на мигранти и трговија со луѓе.

Овој тренд не карактеристичен само за изминатата, туку и за последните неколку години. Сите идентификувани жртви на трговија со луѓе во најголем процент се деца од 12 до 17 години. Најчесто е сексуалната експлоатација, но се застапени и присилните бракови, во кои пак е вклучена сексуална и трудова експлоатација.

Маркудов, низ конкретен пример опиша еден од начините за регрутација на жртви на трговија со луѓе преку интернет.

Девојче на 15 години од асоцијално семејство, родителите разведени, мајката незаинтересирана за детето, таткото живее надвор од Република Северна Македонија. Стапува во контакт преку социјална мрежа со дечко, две до три години постар од неа, се зближуваат, договараат заеднички средби. Две средби се реализираат со дечкото, а на третата се појавува „таткото“.

Ги носат во друг град во нашата држава, заедно живеат во стан, одат по кафулиња, по туристички места, девојчето е среќно, конечно наоѓа нешто што личи на љубов, меѓутоа тоа многу брзо се менува. Девојчето се затвора во стан, во еден од градовите во државата и тука под дејство на дрога, алкохол е доведена во состојба на послушност и принудена да дава сексуални услуги на машки лица.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Заев за новите мерки против КОВИД-19: Апелираме граѓаните да ги почитуваат, а инспекциите да ги интензивираат контролите

„Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено. Мерката се однесува на лица над 18 годишна возраст.

До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на КОВИД-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости.

За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот. Дозволено е да работи отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители.

Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип“, пишува во објавата на премиерот Заев на Фејсбук.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИМУНИЗАЦИЈА По објавувањето на новите мерки на Владата за справување со новиот бран на КОВИД-19, со кои од 16 август ќе се бара доказ за вакцинација за влез во угостителски објекти, значително е зголемен интересот за вакцинирање кај граѓаните.

ПУНКТОВИ Поради зголемениот интерес за вакцинација од утре се отвораат четири дополнителни пункта за имунизација против Ковид во Скопје во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров, информира Министерството за здравство. Пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто ќе работат во две смени.

НОВИ СЛУЧАИ Во последните 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство. Пријавени се 4 починати лица: 2 од Скопје (71г и 88г), по еден од Тетово (75г) и Дебар (67г).

ПОЖАРИ Поголем дел од пожарите во земјава се локализирани и се ставени под контрола. Се уште е активен пожарот во атарот на беровското село Будинарци, кој е делумно под контрола, а од Општина Сарај бараат армиско летало во помош за гасење на пожарот над село Раовиќ.

АНГАЖИРАНОСТ Само за гаснење на пожарот во Будинарци се ангажирани повеќе од 500 лица. Будинарци има 130 пожарникари од Австрија со 52 возила, 45 лица од Словенија со четири противпожарни возила и 25 лица од Бугарија со пет возила. ангажирани се повеќе од стотина локални пожарникари, 130 припадници на полицијата, Армијата и на „Национални шуми“, кои имаат противпожарна служба, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

ПОМОШ  Утре наутро во справувањето со пожарите се вклучува и Црна Гора – испраќа хеликоптер Bell 412, информираше министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, преку објава на Фејсбук.

ЗЕЛЕНИ Северна Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

МУЛТИКУЛТУРА

#НаправиРазлика #ПочитувајГиРазличностите
#BëjeDallimin #RespektojiDallimet

Петрит Сарачини со видео порака за Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“

СЛОБОДНА ЗОНА

„Луѓето најчесто го сфаќаат значењето на поимот политика ограничено, а со тоа мислат само на политиката што се однесува на политичките партии и институциите на власта (влада, парламент итн.). Не е политика само тоа. И еве, да им одговорам на сите добронамерни и на оние кои тоа не се: немам намера да станам политичар, но немам намера ниту да се откажам од учество во политиката, како активист за човекови права, како граѓанин и како медиумски работник.

Точно е дека сум постојано присутен и активен во јавноста, но никогаш со намера да станам политичар. И ќе останам активен и гласен поддржувач на прогресивните идеи во нашето општество. Тоа е сè. Можеби не е доволно, можеби за некои е премногу, но тоа е“, пишува Џабир Дерала во колумната Кој тоа се занимава со политика?

Д. Тахири

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ