Поранешниот спикер на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери ја одложи денешната конститутивна седница, откако синоќа на својот Фејсбук профил објави дека се породила неговата ќерка Бесиана и го родила малиот Фрашер.
„Благословени и пресреќни сме по вестта дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер! Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убавите моменти“, напиша Џафери на својот фејсбук профил.
За денеска во Собранието требаше да се одржи конститутивната седница на новиот собраниски состав, но собраниските служби известија дека претседавачот на седницата поради семејни причини денеска нема да го закаже продолжението на седницата.