По повод ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО алијансата во Сенатот на Романија, Талат Џафери оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Романија, Теодор Виорел Мелескану.
Мелескану истакна дека Романија досега пружила безрезервна поддршка на нашата земја во нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ, а сега со романското претседателство со Советот на ЕУ, директно ќе се залага за Република Северна Македонија во јуни да добие покана за датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.
Џафери рече дека Република Северна Македонија се залага за градење на добри и конструктивни билатерални односи со Романија, базирани врз конструктивен и отворен политички дијалог, партнерски однос и заемна соработка, особено на културен, образовен и економски план.
Парламентот на Романија денеска на пленарна седница треба да го ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.
А. П.