УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Тоа е ситуацијата во која сега се наоѓаме: ќе се гои сдсмовското прасе во вториот круг гласање на десет дена пред Божик, френетично ќе се трча на сите страни да се бара изгубената поддршка со нови ветувања за поуките од задоцнето научените лекции, не би ли се разбудила свеста кај стотина илјади гласачи – тие што на овие избори, со правото на своето сеирџиско незадоволство, си останаа дома, а кои отсекогаш решавале кој ќе владее во земјата – што ги имаа, па ги загубија во последната година-две. Од СДСМ сега алармираат дека ѓаволот ја однел шегата и дека Груевски ги пакува куферите за враќање во Скопје. Во опозицијата веќе се прават списоци за одборите за негов дочек, бројот на местата за сдсмовци се ограничени., читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Фатете го прасето, за десет дена иде Божик!”.
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
НАСТАНИ
КОНФЕРЕНЦИЈА: Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе учествува на Конференција на претседатели на парламентите на земјите членки на Советот на Европа во организација на грчкиот Парламент и Парламентарно собрание на Советот на Европа (ПССЕ)
СОСТАНОК: Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска и утре во седиштето на Алијансата во Брисел ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, организирани со физичко присуство за прв пат по членството на Северна Македонија во Алијансата.
ПРЕЗЕНТАЦИЈА: Онлајн презентација на редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан.
НАУКА: Прва научна регионална конференција на тема „Предизвиците на децата со канцер и Ковид 19″
ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ: 13. Меѓународна HR конференција и HR Expo 2021, насловена „НRise like a PHOENIX- Intertwining humanity and technology” во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси (МΑЧР).
ИНФОРМИРАЊЕ: Фондацијата Метаморфозис ќе одржи промоција на новите воспоставени канали за информирање „Како до поблиска соработка меѓу институциите и новинарите во борбата против дезинформации?“.
КУЛТУРА: Отворање на Неделата на албански филм, петдневна манифестација реализирана од Кинотеката и Националниот филмски центар на Албанија на која ќе бидат прикажани по пет долгометражни и кратметражни играни филмови од поновата продукција.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев