Џевдет Хајредини за тактиките на ДУИ во поглед на претседателските кандидати во минатото и сега:
Тие што за време на „заедничката власт со Груевски правеа добри и вредни работи“ за Албанците, заробувајќи ја државата, подоцна најостро му забрануваа на Заев да ги повика Албанците да гласаат за неговата партија, а денес, секогаш за нивното добро, ги повикуваат Албанците да гласаат за Стево Пендаровски, а не Албанецот, Блерим Река.
Истите, на времето за претседател го кандидираа Гзим Острени и Агрон Буџаку, независно од тоа што и тие немаа поголема шанса за победа од овој Албанец којшто не е нивен кандидат.
Не треба да заборавиме дека пред пет години, истите, не само што не го поддржаа Пендаровски, туку и побараа предвремени избори за да створат услови за да се избере кандидатот на ВМРО – Ѓорге Иванов, се разбира, секогаш „за доброто на Албанците“. Би додал, за доброто на криминалот и корупцијата.