• Latest

ДИК ги утврди цените за платено политичко рекламирање

August 6, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ДИК ги утврди цените за платено политичко рекламирање

August 6, 2021 17:02
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го усвои Предлог-упатството за начинот и постапката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниска цена за платено политичко рекламирање.

Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху соопшти дека ДИК е должна да ја објави не нејзината веб-страница просечната цена – постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање од страна на радиодифузерите, печатените медиуми и електронски медиуми во последните пет изборни циклуси, најдоцна до денот на распишување на изборите.  

– При утврдување на просечната цена на платено политичко рекламирање од страна на телевизиите во Република Северна Македонија,  ДИК ќе ги зема предвид последните пет изборни циклуси и тоа – предвремени локални избори за градоначалник во општините Штип и Пласница 2020 година, предвремените избори за пратеници во Собранието 2020 година, претседателски и предвремени локални избори за градоначалник во општините Охрид, Ново Село и Дебар 2019 година, локални избори 2017 и предвремени парламентарни избори 2016 година.Пресметката на просечната цена ДИК ќе ја направи на начин што ќе ја утврди просечната цена за една секунда платено политичко рекламирање на секои од телевизиите поединечно за секој од изборните циклуси, образложи Шеху.

Таа нагласи дека врз основа на член 76 став 5 од Изборниот законик законски предвидената сума која може да се исплати на еден електронски медиум или интернет портал од еден учесник во изборниот процес не може да биде поголема од 15 илјади евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ.

– Согласно доставените ценовници во последните пет изборни циклуси ДИК ќе утврди најниска цена за платено политичко рекламирање. Исто така, ДИК просечната цена и најниската цена ќе ја утврди со посебна одлука која ќе биде донесена врз основа на ова упатство, рече Шеху.

Таа нагласи дека радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми кои во рок од пет дена од распишување на избориве нема да достават ценовници до ДИК, иако претходно се регистрирани во Комисијата, немаат право на платено политичко рекламирање.  

Членовите на ДИК ја усвоија и Предлог-одлуката за утврдување на просечно постигнатата цена  и најниска цена за платено политичко рекламирање во последните пет циклуси.

Членот на Комисијата Радица Ристеска соопшти дека согласно законот ДИК ја објавува просечно постигнатата цена и најниска цена за платено политичко реламирање од страна на радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми – интернет портали во последните пет изборни циклуси.

Просечно постигнатата цена за платено политичко рекламирање на телевизиите во последните пет изборни циклуси изнесува 1,71 евро или 105,15 денари за една секунда рекламен простор. Најниска цена за платено политичко рекламирање на телевизиите во последните пет изборни циклуси инесува 0,2 евра или 12,30 денари за една секунда рекламен простор.

Просечно постигната цена за платено политичко рекламирање на радијата во последните пет изборни циклуси изнесува 0,69 евра или 42,43 денари за една секунда рекламен простор, а најниска цена за платено политичко рекламирање за радија во последните пет изборни циклуси е 0,03 евра или 1,84 денари за една секунда рекламен простор.

Просечно постигната цена за закуп на рекламен простор за платено политичко рекламирање од страна на печатените медиуми изнесува 331 евро или 20.353 денари за една внатрешна црно-бела страна, односно 438 евра или 26.933 денари за една внатрешна страна во боја. Најниска цена за закуп на рекламен простор за платено политичко рекламирање од печатените медиуми е 315 евра или 19.369 денари за една внатрешна црно-бела страна, односно 422 евра или 25.949 денари за дна внатрешна страна во боја.

Членот на ДИК Борис Кондарко рече дека по распишувањето на изборите, на веб-страницата на ДИК ќе биде објавено писмено известување кое се однесува до сите медиуми, како еден вид потсетување и појаснување за нивните права и обврски околу постапката за доставување ценовници и регистрација за учество во платено политичко рекламирање.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ