• Latest

ДИК: Констатиран напредок во создавањето услови за остварување на правото на глас на лицата со попреченост

March 10, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ДИК: Констатиран напредок во создавањето услови за остварување на правото на глас на лицата со попреченост

March 10, 2021 15:09
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Државната изборна комисија денеска беа презентирани наоди од мониторингот на гласањето на лицата со попреченост на парламентарните избори во 2020 година, при што е констатиран напредок во создавањето на услови за овие лица да го остварат своето право на глас.

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски истакна дека Комисијата е должна да обезбеди пристапност до избирачките места на лицата со поинакви способности, определува локации на територијата на Републиката на кои се означени избирачките места каде што се остварува правото на гласање.

– Овие локации треба да ги исполнуваат основните услови за лично, слободно и тајно право на глас на избирачите и следствено на тоа истите треба да се адаптираат за пристап на лицата со поинакви способности. Меѓународните стандарди за човекови права, прокламираат права за сите луѓе без каква било дискриминација, рече Даштевски.

ДИК, потсети тој, во соработка со МТСП и здруженијата на граѓани, со поддршка на ИФЕС и ОБСЕ ја спроведе оваа проверка и проценка на избирачките места за да ја согледа фактичката состојба од аспект на пристапност на лицата со поинакви способности.

– Добиените резултати треба да послужат како основа за преземање на соодветни активности во зависност од надлежноста на учесниците во проектот за надминување на постоечките пречки за пристапност и долгорочно надминување на пречките во објектите од јавен карактер, кои ги користат граѓаните, додаде Даштевски.

Министерот за правда Бојан Маричиќ рече дека институциите и политичарите имаат обврска да обезбедат еднакво учество на лицата со попреченост во политичкиот живот и да го гарантираат нивното право на глас.

– Неспорно е дека бројни други проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост при реализација на политичките права остануваат отворени во моментот, но факт е дека голем дел од нив не се предмет на Изборниот законик, туку на практиката и организацијата на гласањето. Една од нив, согласно меѓународните обврски, е обезбедувањето на целосна пристапност на процесот на гласање за лицата со попреченост. Оваа обврска е нешто што сериозно треба да биде сфатено од страна на ДИК, избирачките одбори и локалната власт, имајќи предвид дека исполнувањето на оваа препорака, пред сè е предмет на организација и е во нивни раце, потенцираше Маричиќ.

Министерот за правда истакна и дека со претстојниот попис, меѓу другото, ќе се добијат релевантни информации и за лицата со посебни потребни, односно со каков вид на тешкотии се соочуваат, дали користат помагала или помош од друго лице. Според него, сите овие информации ќе бидат повеќе од корисни при креирањето на сите мерки и политики, со кои ќе им се олесни животот на овие наши сограѓани и дополнително, ќе се гарантира нивното учество во сите аспекти на политичкиот живот.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска порача дека со своето претходно политичко искуство во Собранието, може да констатира дека многу работи се придвижени во однос на правата на овие лица. Според Шахпаска, од запишаните во Избирачкиот список приближно еден милион и 800 илјади гласачи, околу 270.000 се лица со попреченост.

– Тоа е една многу сериозна бројка која што има свои права и потреби. Ние како одговорни институции секако дека треба да одговориме, рече Шахпаска.

Амбасадорката на Велика Британија во земјава, Рејчел Галовеј истакна дека еднаквиот пристап до гласање е фундаментално право на сите, но оти не сите граѓани со посебни потреби во земјата ги уживаат тие права.

Според Галовеј, лицата со попреченост во земјата се соочиле со непристапни избирачки места и недостапни медиуми, а учеството како набљудувачи е прв чекор кон тоа дека и тие се активни граѓани.

Таа ги повика институциите да го искористат Извештајот за унапредување на состојбата со лицата со посебни потреби, констатирајќи дека сепак е забележан напредок во однос на остварување на правото на глас.

Галовеј ги повика и политичките партии да работат на тоа да бидат подостапни за лицата со попреченост, да ги охрабрат да учествуваат во креирање на нивните програми и нивните активности.

Благица Димитровска од Инклузива, истакна дека на последните парламентарни избори имало 67 лица со попреченост кои ги набљудувале изборите на 201 гласачко место во 28 општини.

Во однос на пристапноста до објектите, од 201 избирачко место, паркинг имале само 70 отсто, а обележан паркинг само 17 отсто. Дури 76 отсто имале скали, а само на 45 имало рампи, од кои најголем процент не ги задоволувале потребите на лицата со попреченост. Во над 70 отсто од набљудуваните избирачки места, лицата со попреченост немале пристап. Тоа, според неа, не е променето во однос на претходните претседателски избори.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ