• Latest

ДИК одби два приговори за предвремено почната изборна кампања, зголемен надоместокот за целокупниот состав на општинските изборни комисии за 6000 денари

September 30, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

ДИК одби два приговори за предвремено почната изборна кампања, зголемен надоместокот за целокупниот состав на општинските изборни комисии за 6000 денари

September 30, 2021 15:34
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) едногласно го усвоија Предлог-правилник за критериумите за определување надомест на членовите на изборните органи и изборната администрација за спроведување на Локалните избори 2021.

Членот на ДИК Борис Кондарко образложи дека со оглед на спецификата на Локалните избори, дека се пообемни и посложени за организирање и спроведување, во повеќе општини се спроведуваат во два изборни круга и поради новините, каде се воведува дополнително нов начин на идентификација на гласачите преку биометриски лични податоци со отпечаток од прст, ДИК одлучи на овие избори да го зголеми за одреден процент надоместокот на изборните органи и дел од изборната администрација.

Кондарко рече дека ДИК донела одлука да го зголеми надоместокот за целокупниот состав на општинските изборни комисии за 6000 денари. Со тоа, најмалите општински изборни комисии, кои во својот состав имаат до 20 избирачки одбори, претседателите ќе добиваат вкупно по 26.000 денари за целиот изборен процес. Во општинските изборни комисии кои имаат од 21 до 40 избирачки одбори во својот состав, надоместокот за нивните претседатели ќе изнесува 36.000 денари. За општинските изборни комисии кои имаат од 41 до 70 избирачки одбори, надоместокот на претседателите ќе изнесува 46.000 денари. За општинските изборни комисии со од 71 до 100 избирачки одбори, претседателите ќе добијат 56.000 денари, а општинските изборни комисии од 101 до 130 избирачки одбори ќе имаат надомест од 61.000 денари. Само неколку ОИК, кои имаат над 131 избирачки одбори нивните претседатели ќе добијат надомест од 66.000 денари за целокупниот ангажман во изборниот процес за Локалните избори.

Исто така, ќе биде зголемен и надоместокот на сите членови на избирачките одбори, целокупниот состав, претседатели, заменик-претседатели, членови и заменик-членови. Така. за гласачки места каде има запишано до 100 гласачи, претседателите на избирачките одбори досега земаа 3.120 денари за еден изборен круг, а сега ќе земаат 4.000 денари. Претседателите на избирачките одбори каде има запишано од 101 до 300 избирачи на последните предвремени парламентарни избори земаа по 3.240 денари, а сега ќе земаат по 4.500 денари за еден изборен круг. Претседателите на избирачките одбори каде има запишано од 301 до 600 гласачи досега земаа 3.360 денари, а сега ќе земаат по 5.000 денари за еден изборен круг. Претседателите на избирачките одбори со запишани гласачи од 601 до 800 досега земале 3.480 денари, а сега ќе земаат 5.500 денари. И претседателите на избирачките одбори каде има запишано над 801 гласачи досега земале 3.600 денари, а сега ќе земаат по шест илјади денари за еден изборен круг.

За избирачките одбори кои се дефинираат како посебни избирачки одбори, составени од тројца членови, кои ќе го спроведат гласањето во домашни услови на лицата кои се позитивни на Ковид-19, односно се во изолација, секој член за еден избирачки круг ќе добие по 6.000 денари.

Кондарко соопшти дека во овој Правилник се регулирани и критериумите за надоместоци кои треба да ги добие изборната администрација, односно лицата ангажирани во помошните тела на ДИК. Нивниот надомест ќе биде во висина на една просечна плата во земјава, определена за август кога се распишани локалните избори. Тоа се однесува за секој месец оделно, од распишување на изборите до објавување на конечните резултати. Во деновите кога лицата не извршувале работни обврски во ДИК, нема да се пресметува надомест.

Тој потенцира дека членовите на ДИК и на овие избори нема да земат дополнителен надомест, освен нивната плата.

Членовите на ДИК на 28-та седница разгледаа два приговори за предвремено почната изборна кампања, поднесени од анонимен подносител и од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Кондарко соопшти дека во приговорот поднесен од анонимен подносител недостигаат битни елементи за да може ДИК да постапува, нема активна легитимација од кого е поднесен и предложи да го отфрлат како неуреден. Тој посочи дека не е наведно до кого да се достави решението и затоа предложи да се постави јавно на нивната огласна табла.

Кондарко предложи приговорот од Алијанса за Албанците и Алтернатива да биде одбиен како неоснован, бидејќи подносителот нема приложено соодветни докази од кои, како што рече, ДИК би можела да ја утврди правилно и целосно фактичката состојба за да постапува по него. Според него, не можат да се испитаат наводите во приговорот и да се утврди евентуално пречекорување на одредбите.

Членовите на ДИК го разгледаа и едногласно го усвоија Предлог-упатство за начинот на гласање на избирачки места каде се запишани помалку од 10 гласачи. Тоа е во 96 избирачки места во 29 општински изборни комисии во Велес, Гевгелија, Гостивар, Долнени, Зелениково, Конче, Кичево, Кочани, Кратово, Македонски Брод, Радовиш, Сопиште, Штип… Од ДИК велат дека на граѓаните од овие избирачки места ќе им се овозможи да гласаат на најблиското избирачко место со над десет запишани избирачи, со цел да им се овозможи да го остварат своето право на глас.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ