Изнаоѓањето на прифатливо решение за надминување на разликитe околу името да биде и понатаму под покровителство на ОН, се договориле денес во Виена министерите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.
Како што соопшти попладнево македонското Министерство за надворешни работи, двајцата министри се согласиле за ова по средбата со медијаторот на ОН, Метју Нимиц.
Во исто време со соопштението од македонското, со соопштение излезе и грчкото МНР со идентична содржина, јавува дописникот на МИА од Атина.
[divide]
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини