• Latest
Никола Димитров, Министер за надворешни работи

Димитров: МНР нема надлежност да издава безбедносни сертификати, вистинскиот ветинг го прават безбедносните служби

September 20, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Димитров: МНР нема надлежност да издава безбедносни сертификати, вистинскиот ветинг го прават безбедносните служби

September 20, 2021 14:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Никола Димитров, Министер за надворешни работи

Никола Димитров, Министер за надворешни работи

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи нема надлежност да издава безбедносни сертификати, ни капацитет да врши безбедносни проверки, ниту има луѓе што се бават со тоа, бидејќи тоа го прават безбедносните служби, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

– Во нашиот систем може Министерството да има некаков дополнителен филтер за вакви работи да спречи, меѓутоа вистинскиот ветинг го прават безбедносните служби, тие имаат пракса, имаат искуство и најважно законски надлежности за таа работа. МНР нема надлежност да издава безбедносни сертификати, односно нема процес и процедури што врши такви безбедносни проверки на кандидатите на луѓето, изјави Димитров по примопредавањето на јапонската донација за Националната опера и балет, во одговор на новинарско прашање во врска со ветингот во МНР што го најави актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи по приведувањето на дипломатот во нашата Мисија во ОБСЕ во Виена, Миле Миленкоски во Србија.

Димитров, кој беше шеф на дипломатијата од 2017 до 2020 година, посочи дека за овој случај не станало збор на средбата при размената на ресорите со актуелниот министер Османи во септември 2020 година, како и оти во МНР има записи од случајот и секој вработен во тоа Министерство има свое досие за кариерниот пат.

– Примопредавањето е 30-ина минути, големите теми, некои совети, прашања итн. Во МНР има записи од случајот, бидејќи имаше писмена комуникација. Кога добивме прилично штури информации дека ќе почне истрага во рамките на МВР, ни беше побарано дали споменатиот има дипломатски пасош, дали користел одмор итн. За таа работа ние ги информиравме надлежните безбедносни агенции, така што и во фајлот, претпоставувам и во личниот фајл на вработениот во МНР ги има сите овие елементи. Обично секој вработен во МНР има досие каде бил, награди, евентуално дисциплински постапки – патот на кариерата на луѓето во МНР, појаснува Димитров.

Во однос на издавањето на дипломатските патни исправи тој посочи дека по Законот за патни исправи вработените во МНР што имаат дипломатски статус поседуваат дипломатски патни исправи и тие може да се одземат кога ќе биде одземен безбедносниот сертификат, меѓутоа Министерството како институција нема законска надлежност да дава или да одзема безбедносни сертификати, затоа што тоа го прават безбедносните агенции. – МНР се потпира на тие институции во овој дел, таков е системот, потенцира вицепремиерот Димитров.

3апрашан во врска со случајот на Миленкоски и како „таква конфликтна личност останала толку време на високи функции во МНР“, Димитров истакна дека кога дошол на должност министер за надворешни, односниот дипломат бил во Виена во Мисијата при ОБСЕ, а по „една епизода“  бил префрлен во Амбасадата во Австрија.

– Неговото барање за продолжување на мандатот од три години – по Законот за надворешни мандатот на дипломатите во странство е три години – го одбив и потоа, ако не се лажам, работеше во Директоратот за конзуларни односи во МНР. Тука има право министерот за надворешни работи дискреционо да не го пушти надвор на мисија за да видиме што е работава. Како до тоа дошло до сега немам информации, бидејќи не го водам МНР, рече Димитров.

По однос на тоа како Миленкоски двапати завршил во ОБСЕ, упати новинарите да истражат и укажа дека генерално во МНР нема тим за човечки ресурси, како во големите институции и приватни компании, којшто ќе се грижи и ќе негува кадри по области дали тоа ќе биде билатерала или во мултилатералата.

– Јас кога бев во МНР се обидував од тоа што е понудено и кој се пријавил на конкурс да ги испратам луѓето коишто ги гледа комисија, ми препорачува три имиња, да одат луѓето коишто мислам дека ќе завршат работат и ќе бидат некаква вредност во амбасадата, односно мисијата, каде одат, рече Димитров.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ