• Latest

Димитров: Посетата на Помпео потврда на значењето што САД го придаваат на нашиот успех

October 4, 2019

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров: Посетата на Помпео потврда на значењето што САД го придаваат на нашиот успех

October 4, 2019 15:09
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Посетата на државниот секретар Мајк Помпео е потврда на значењето што САД го придаваат на нашиот успех и најава на идното  сојузништво. Осумнаесет години од посетата на последниот државен секретар Колин Пауел кој дојде во едно кризно време, сега секретарот Помпео доаѓа во време на надеж и шанси, изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров, пред пристигнувањето на државниот секретар Мајк Помпео на аеродромот во Охрид.

– Со САД имаме декларација за стратешко партнерство што се потпиша по неуспехот на Самитот во Букурешт 2008 година. Сега конечно како 30-та земја членка на НАТО ќе бидеме и формални сојузници со САД. Во таа смисла по Рим и Подгорица, ова е трето застанување во неговата европска турнеја. Сигналот е дека ова е стратешки важно за Вашингтон и истовремено со оглед на тајмингот на десетина дена пред одлуката што сите ја очекуваме од ЕУ, конечно да влеземе во следната фаза да ги почнеме пристапните преговори. Ова е порака од Америка кон ЕУ дека овој процес е многу важен и е стратешки и треба да успее. Во таа смисла јас сум убеден дека ќе има сигнал и позитивна порака кон ЕУ, рече Димитров во изјава за МРТВ.

Во однос на тоа дали земјава има реална шанса да стане 30-та членка на НАТО на Самитот во декември, Димитров рече дека процесот оди многу брзо и оти членството е извесно.

– Процесот оди многу брзо овие денови се заврши процедурата, да речеме во Парламентот во Лондон и следниве неколку дена министерот за надворешни на Велика Британија ќе го потпише пристапниот протокол. Помина и во Комитетот за надворешни работи на италијанскиот Сенат исто за две недели ќе се заврши процедурата, се надеваме и во Сенатот таму, така што работите си течат. Шпанија има избори и ќе биде многу мало време од формирањето на новиот шпански Парламент врз основа на исходот на изборите дали ќе успеат тоа да го завршат до 4 декември кога ќе биде Самитот. Она што е клучно е дека членството е извесно, ние ќе бидеме таму претставени убеден сум на највисоко ниво, рече Димитров.

Димитров, за преговорите за членство со ЕУ, вели дека изгледите се големи и оти е создадена атмосфера дека е време Европа да пресече, бидејќи во прашање е и кредибилитетот на Унијата.

– Успеавме да направиме атмосфера што е речиси невозможно да не ни се отвори вратата после доброседската политика, после реформите, резултатите во домашната агенда. Вчера имаше едно извонредно силно писмо претседателот на Евроспкиот совет Туск, сега од Урсула фон дер Лејен, идниот претседател на Комисијата, од сегашниот претседател на Комисијата, Јункер итн. Мислам дека имаме огромна шанса за заеднички успех и наш и за регионот, бидејќи ова ќе биде порака и кон регионот и за самата ЕУ. Самиот тајминг на оваа посета на Помпео практично значи и порака кон Европа. Зошто доаѓа баш сега тука кај нас, рече Димитров пред пристигнувањето на Помпео во Охрид. /МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ