„Јас сум шокиран што дознав за болниот терористички напад врз џамијата во #Kрајстчрч. Ние стоиме заедно со луѓето од Нов Зеланд против насилството и омразата. Нашето најдлабоко сочувство“, напиша на Твитер, македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.
Синоќа во две џамии на Нов Зеланд убиени се 49 додека повеќе од 20 се ранети, соопшти комесарот на полицијата Мајк Буш. Тој прецизираше дека во едната џамија се убиени 41 лице, во другата седум, а едно лице починало во болница, пренесува Ројтерс. Според медиумите полицијата упасила четворицата напаѓачи, меѓу кои и една жена.