Денешното рочиште за случајот „Талир“ во Кривичниот суд, беше одложено бидејќи обвинетиот пратеник Илија Димовски е на службен пат во Брисел, каде треба да присуствува на парламентарен состанок на генералното собрание на НАТО, од 17 до 21 февруари.
Обвинението за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ е поднесено против Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска.
На Чингаровска нема да и се суди бидејќи доби двегодишна условна казна откако призна вина.
Во судницата остана празно и местото на Груевски, кој избега во Унгарија, но за сите процеси му се суди во отсуство. Од куќен притвор беа донесени Божиновски, Јанакиески и Ристовски.
Покрај обвинетите во судницата седеше и Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Според обвинението тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата и потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметка на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.
Поради отсуството на Димовски рочиштето е одложено за 7 март.
А. П.