Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси, го извести Врховен суд, конкретно претседателот Јова Вангеловски дека според законот за судови 9 -те засегнати судии за разрешување треба да се изземат од постапката.
Законот за спречување на корупција и судир на интереси, предвидува судиите сами да внимаваат да не се најдат во конфликт на интереси, да се спречат самите да влијаат и доколку се сомневаат во судир на интереси, да се консултираат со ДКСК.
Според член 73 од Законот за корупција и судир на интереси ако службено лице учествува во расправа на орган или тело во кое се одлучува за работи за кои тоа или блиско лице има приватен интерес, службеното лице е должно да го пријави постоењето на приватнииот интерес и да се изземе пред расправата и одлучувањето, а најдоцна пред почетокот на одлучувањето.
ДКСК предупреди дека прикривањето на постоење на приватниот интерес и не постапање во согласност со одредбите од законот, има основа за покренување постапка за утврдување одговорнот и изрекување мерки.
Инаку Вангеловски до кого се обраќа ДКСК, е на листата на судии за разрешување поради пуштањето од притвор на бизнисменот Сеад Кочан во мај 2017 година.