Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување корупција смета дека најлесниот излез на прав пат е ако политичките партии законите што сами ги изгласале, одговорно ќе ги спроведуваат.Ивановска во интервју за МИА истакна дека ДКСК немала досега притисоци, а на истите ќе се одговори аргументирано и со факти.
Таа, исто така, посочи дека во функција на успешно извршување на редовните обврски во борбата за спречување на корупцијата, ќе мора да се работи и на јакнење на капацитетите и доекипирање на стручната служба Комисијата. Ивановска истака дека не е тешко да се работи, но времето е често пати кратко за да успее да одговори на сите барања од медиумите во насока на транспарентно работење на ДКСК.
На прашањето што со 18 предмети за нептоизам, како тие ќе бидат спроведени и дали ДКСК ќе успее да одолее на притисоците, Ивановкса одговори дека за два месеци ќе испорачаат резултати, по кои јавноста ќе може да оцени дали работеле под притисок или не.
Што се однесува до претседателските избори, таа исткна дека веќе се преземени одредени активности во насока на следење на финасиите на партиите за време на изборната кампања.
„Во тек сме на склучување меморандум за соработка со Државната изборна комисија и Државниот завод за ревизија, Се договараме кои активности да ги преземеме, особено во делот за злоупотреба на буџетските средства и човечките ресурски кои се ангажирани во државната администрација, особено од аспект на злоупотреба на работно време и на материјални средства кои се на располагање на државните органи. Исто така ќе ја следиме изборна кампања во делот на тоа што се е вклучено од политичките партии за кампањата, и дали се финансирале од изборната сметка или од некој друг извор. Ќе се обидеме на сите можни начини и со сите расположиви ресурси што ги имаме да го покриеме тој дел. Затоа ја повикувам јавноста, НВО и медиумите, сите да настапиме единствено секој што ќе дојде до некоја информација за неадекватно користење или злоупотреба на пари на државата да ја извести ДКСК“, изјави Ивановска во интервјуто.
До ДКСК, секој може да поднесе пријава, вели Ивановска. Укажувачите се заштитени со закон, а на ДКСК и’ е битна информацијата, а не тој што ја дал. Како што појасни таа граѓаните можат да останат анонимни, а исто така тие како институција ќе работат и по допрен глас, како што се случаите за нептоизам.
Официјално новиот состав на ДКСК започна со работа на 13 февруари. Веќе на втората седница, два дена подоцна, отвори 18 предмети за нептоизам, односно простапки за роднини на функционери и пратеници вработени во државните институции и претпријатија.
Б. Ј.