Наодите на Прибе за состојбата во која дојде правосудството на Македонија за време на заедничката власт на ВМРО и ДУИ, не се базираат на објавените снимки со „бомбите“ на Заев. Од „бомбите“ не произлегоа ниту оценките за заробеноста и партизацијата на сите институции на државата. Со бомбите се обелодени криминалот, корупцијата и неморалот на ВМРО и ДУИ.
*
Последните настани само го потврдуваат начелото на однесувањето на голем број кадри во Р.С. Македонија: „бев таму, сега сум ваму, ќе видам натаму“.
*
Нереално е да се очекува ДУИ да се согласи со реформа на изборниот систем со која Амети не би можел пратеник да го направи некого, само затоа што не знае да работи ниту како молер.*
*
Според Извештајот на Групата на искусни експерти на Прибе, РСМ во „многу тешка кризна ситуација“ не дојде затоа што биле или не биле автентични тајно снимените разговори, туку исклучиво затоа што „значајни недостатоци беа идентификувани главно во пет сфери: следење на комуникациите, судство и обвинителство, надворешниот надзор од независни тела, избори и медиуми“.
Групата своите наоди ги подготви врз основа на бројни извештаи и материјали од различни извори. Информациите се обезбедени во доверба, без да ги открива изворите.
Групата потенцира дека работела целосно независно.
Според тоа залудно се чатали и се фали Груевски по изјавите на Верушевски и на некои други, евентуално.
*
Државниот Универзитет во Тетово во Шангајската листа не е рангиран на тоа место поради студентите, туку рангиран е поради „доцентите“.
*
„Добрите работи“ за кои Амети тврди дека со Груевски ги направиле во време на заедничката власт, а се потврдени со наодите на групата на Прибе, се однесуваат на „мешањето во судството, ограничувањето на слободата на медиумите, изборните нерегуларности, спојување на државата и партијата и недостатокот на надзор над разузнавачките активности“.
Во извештајот на групата е наведено дека „проблемот со корупцијата е доволно значаен за посебен извештај“.
Со наодите е утврдено „прекршување на Виенската конвенција имајќи предвид дека дипломатите истотака биле нелегално прислушувани“.
Од гонење на одговорните за наведените дела во овој извештај, не смеат да се спасат,ниту
поради било каков епилог од аферата “РЕКЕТ”, ниту било која друга афера.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.