Македонскиот институт за медиуми, по осумнаесетти пат ја доделува наградата “Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2018 година. Доделувањето ќе се одржи утре во Музеј на Град Скопје со почеток во 12 часот.
Оваа година на конкурсот се пријавиле 30 автори со 45 стории објавени во електронските медиуми, дневни весници и неделници и на телевизиите.
Наградата за најдобра истражувачка сторија се доделува како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.