Седум примери кои покажуваат дека светот не е еднаков за жените и мажите:
Жените имаат 47 проценти поголема веројатност да настрадаат од тешки повреди во автомобилски несреќи, бидејќи безбедносните карактеристики се дизајнирани за мажи.
Според сегашната стапка, потребни се околу 202 години сè додека жените не постигнат еднаква плата. Сега, за секој долар што го заработува маж, жената заработува 54 центи.
Жените имаат повеќе од трипати повеќе неплатена работа (по дома), отколку мажите. И за многу луѓе, домашната работа е сè уште „женска работа“.
Преку 650 милиони жени биле венчани кога биле деца, а 33.000 девојчиња секојдневно стапуваат во брак.
Во само 6 земји жените имаат еднакви легални права како мажите, и тоа во Белгија, Данска, Франција, Латвија, Луксембург и Шведска.
Само 22 проценти од професионалците во вештачката интелигенција се жени.
За секоја женска улога во филм има 2,24 машки улоги.
А. П.