CivilFest
Categories

ЗДРАВЈЕ ДОМ: Квалитетна локална храна, а не ГМО!

Партијата ДОМ остро реагираше на измените на Законот за безбедност на храна, најавени од Агенцијата за храна и ветеринарство, со цел – овозможување на производство, ставање во промет и увоз во Република Македонија на генетски модификувана храна! ДОМ апелира за широка јавна дебата за оваа тема, со вклучување на сите засегнати страни. Партијата е со дециден став дека во услови кога во Македонија не постои акредитирана лабораторија во која ќе се контролира концентрацијата на генетски модификуваните организми во храната, отворањето на вратата во Македонија за ГМО-храна, не е во интерес на пошироката јавност!

„ГМО е една од најконтроверзните теми на денешницата. Се водат жестоки битки на глобално ниво, на милиони „за“ и „против“! Сите зелени активисти во светот се активно – против! И во Зелениот манифест усвоен минатиот месец, на Собранието на Европските Зелени, како еден од главните приоритети се наведува производството на квалитетна, локална храна, без ГМО и пестициди. Како ‘зелена“ партија, ДОМ водеше отворена и успешна кампања против ГМО храната во изминатите години и нашиот став е непроменет“, пишува ДОМ

„Иако во научната фела се уште се водат спротивставени дебати за безбедноста на ГМО храната, неспорна е потребата од дополнителни студии, кои би се спроведувале во подолг временски период и би биле финансирани од независни институции, а не од компаниите кои произведуваат ГМО храна.

Генетски модификуваните организми, по дефиниција доведуваат до големи монокултури и индустриско земјоделство и сточарство. Тие се во основата на многу проблеми во системот на храна и земјоделство: загадување од пестициди, намалување на бројот на фарми и земјоделци, ниски цени на земјоделските производи, страдање на животните, глобално затоплување, исцрпување на ресурсите во почвата, колапс на екосистемите (со значително намалување на бројот на инсекти и птици)…

Изминатите три децении покажаа дека ГМО храната не ја исполни целта за намалување на гладта на глобално ниво. Денес, преку 800 милиони луѓе се соочуваат со глад, а истовремено, една третина од произведената храна, се губи или завршува како отпад, што е доволно да се нахранат сите гладни луѓе во светот“, се вели во соопштението на ДОМ.

 

Print Friendly, PDF & Email