Categories

ЕПП Дорис Пак: Пратениците на ВМРО кои гласаа за договорот со Грција не се криминалци

„Неприфатливо е осумте пратеници од ВМРО кои гласаа за договорот со Грција и за европска иднина на земјата да се третираат како криминалци. ЕПП тоа не смее да го толерира”, напиша на својот твитер-профил Дорис Пак, претседателка на асоцијацијата на жените на ЕПП, по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Хелсински.

Вчера се одржа протест пред куќата на пратеникот Крсто Муковски во Вевчани, а демонстрантите најавија дека ќе протестираат и пред домовите на останатите пратеници кои гласаа за уставните измени.

Д. М.

Print Friendly, PDF & Email