• Latest

Доследна примена на уставното име, напад врз новинарите е напад врз слободата на говорот, црни пари во македонскиот политички циркус

November 2, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Доследна примена на уставното име, напад врз новинарите е напад врз слободата на говорот, црни пари во македонскиот политички циркус

November 2, 2021 16:36
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

МНР апелира општините и советниците доследно да го применуваат уставното име на државата

Во врска со последните случувања на конститутивните седници на Советите на општина Штип и општина Аеродром, Министерството за надворешни работи изразува загриженост од постапките на дел од советниците избрани на последните локални избори во врска со потпишувањето на свечената изјава согласно Законот за локалната самоуправа и укажува на следното:

Со Законот за ратификација на Конечната спогодба, Одлуката за прогласување на амандманите ХХХIII, XXXIV, XXXV и ХХХVI на Уставот на Република Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија од јануари 2019 година, уставното име на државата е Република Северна Македонија и дека сите државни институции и единици на локалната самоуправа се должни да го почитуваат Уставот на Република Северна Македонија и да ги усогласат сите акти кои ги донесуваат со Уставот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Павле Беловски: Точно пет години и една недела како јас бев лично нападнат и нашата медиумска екипа. Тоа одекна во јавноста, една година подоцна беше претепана екипата на А1 на Плоштадот „Македонија“. Бевме во политичка криза и граѓаните на нас гледаа како мета, за да можат да испратат порака со тупаници. Затоа ССНМ и ЗНМ не се поколебаа и иницираа законски измени во Кривичниот законик со коi идејата беше да се стави крај на нападите врз новинарите, односно да се санкционираат нападите како напад врз службено лице. Ние и денес после пет години не можеме да зборуваме дека имаме процесирано таков случај, односно дека Обвинителството гонело напаѓач по службена должност, како што е предвидена со таа законска измена, бидејќи Законот сè уште е во Собрание и не е донесен.

ЕДИТОРИЈАЛ

„Ова е еден голем циркуски шатор во кој се одвива лоша претстава и во кој публиката се измешала со актерите, акробатите, дресираните животни и илузионистите. Дел од толпата под задушливиот шатор е незадоволна од претставата, па си ги бара назад парите за билетот, иако во меѓувреме станала главен протагонист во текот на претставата. Арената е налик на еден голем полски клозет врз кој се натрупани различни суштества, испреплетени и заглавени едни со други, сосе публиката. Се слушаат крикови и се шири реа од испарувањата од разни човеколики суштества и животни…“, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „Црните пари во македонскиот политички циркус“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРИ Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до денеска, 2 ноември, заклучно со 15 часот, до  комисијата се поднесени вкупно 13 приговори.

ДКСК Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ги потсетува сите новоизбрани советници, градоначалници и функционери за одредбите од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, како и дека при извршувањето на јавните овластувања и должности не смеат да се раководат од лични, семејни, партиски и етнички интереси.

ОДИХР Вториот круг избори во Северна Македонија беше во натпреварувачки дух, но и понатаму имаше наводи за притисок врз гласачите

ДЗР ги известува сите учесници во изборната кампања дека се должни во рок од 20 дена од денот на настапување на предизборниот молк за првиот круг, односно до 4 ноември 2021 година, да поднесат Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на првиот изборен круг.

 

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Оставката на Заев предизвика бура од реакции, регионални одгласи, ВМРО-ДПМНЕ го менува името на државата

СЛОБОДНА ЗОНА

„Нема можност за „брзи избори“ во Македонија, бидејќи и „најбрзите“ би биле некаде за време на идната пролет. Да не прераскажуваме закони и да толкуваме рокови, врти-сучи, без 4-5 месеци избори побрзо не би можеле да се спроведат – освен ако не реши власта итно да ги свикува! Толку будали, после вакви изборни резултати, веројатно не се.

Постои можноста – секогаш – за ново мнозинство во Собранието, ама ако во него не влезат сите, освен СДСМ, и таквата влада, предводена од сегашните опозиционери, би имала шлампаво двегодишно мнозинство, со трошење време и нерви низ коишто помина(ува) оваа Влада, а изборните резултати ги гледаме. Толку будали од ВМРО-ДПМНЕ, после вакви изборни резултати, веројатно не се.“, Сашо Орданоски во колумната „Цунамито помина, следува спасувачката мисија“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ