УТРИНСКИ КОЛУМНИ
„ Некако вообичаено, изјавата на госпожа Ангела Меркел на Брдо кај Крањ треба да се земе како најверодостојно толкување на проблемот на ЕУ и на Западниот Балкан со Бугарите: „Се надевам дека проблемите ќе бидат надминати. Како што знаете, во Бугарија тоа сега не е возможно, бидејќи наскоро ќе се одржат парламентарни и претседателски избори, така што во овој контекст сега е невозможно да донесете брзи одлуки.“
Во оваа изјава имате сѐ: европската надеж, бугарските домашни перипетии, неможноста за решение на спорот “, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Е, па, добро, ќе се гушкаме со Србите, Албанците и Грците!”.
ИЗБОРЕН РАПОРТ: „Изборен рапорт“ #12, ЦИВИЛ ќе го емитува денеска (четврток, 7 октомври), во 11:15 часот. „Изборен рапорт“ со најновите информации од изборниот мониторинг се емитува во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
АПЛИКАЦИИ Денеска ЦИВИЛ ќе им испрати одговори на сите заинтересирани за краткорочно изборно набљудување. Воедно, денеска организацијата ќе поднесе документација за акредитирање во Државната изборна комисија.
ОБУКИ Во текот на денот, организацијата ќе објави и датуми за обуките за изборните набљудувачи. Сите членови, поддржувачи, соработници и набљудувачи на ЦИВИЛ се повикуваат редовно да ги следат рубриките АКЦИЈА, ИЗБОРИ, МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
– Изборни активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ во Чешиново-Облешево, Зрновци и Кочани, на кои ќе се обрати лидерот на СДСМ Зоран Заев и кандидатите за градоначалници .
– Во рамки на вториот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ ќе се обратат потпретседателот Оливер Спасовски и кандидатката за градоначалничка Миликије Халими.
– Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Македонски Брод и во Скопје ( Сопиште, Аеродром, , Гази Баба).
– Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП во Аеродром и Чаир.
– Изборни активности на Движењето Беса во Арачиново.
– Изборни активности на ДУИ во Дебар.
– Прес-конференција на Твоја партија во Скопје.
НАСТАНИ
ПРЕЗЕНТАЦИЈА: Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, ќе присуствува на презентацијата на Индексот на бирократија, кој е дел од проектот „Кон намалување на бирократскиот товар“, спроведен од „Macedonia 2025“, институтот „INESS“ и фондацијата „Fridriech Naumann“
АКАДЕМИЈА: Македонската академија на науките и уметностите ќе го одбележи Денот на Академијата.
ВЛАДА: Владата денеска преку видео конференциска врска ќе ја одржи 110-тата тематска седница, на која ќе бидат разгледани информациите за извршени преговори за усогласување на заедничката Изјава за слободен проток на податоци во регионот на Западен Балкан и на заедничката Изјава за интероперабилен Западен Балкан.
ИНФОРМАЦИСКИ ХАОС
„Кратки нозе“ #5: Прес24 за предизборна анкета, Сител за кандидатите и Скопскиот маратон, Перо Камиказа за Скопскиот саем
Во 5-тата епизода на „Кратки нозе“, откриваме манипулации со предизборна анкета објавени на порталот Прес 24. Ќе ви откриеме и дезинформации за кандидатите за градоначалник на Скопје и скопскиот маратон на ТВ Сител, како и невистинити предизборни ветувања од кандидатот Петар Георгиевски-Камиказа.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев