поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
26 јули, 2020
Според Теута и Бујар, понудата за прв премиер Албанец била коректна и ја прифатиле голем број Албанци, за идејата вреди да се разговара и дека преговарачкиот процес ќе покаже кој е процентот(?) на реализација на оваа идеја, која никого не оставила рамнодушен и дури после сѐ ова, ќе влезат со амбиција со нивниот кандидат.
Според тоа, останува уште малку да чекаме, за да видиме колку проценти Насер Зибери ќе биде премиер и дали министрите Македонци ќе го послушаат или ќе се однесуваат како тие од ДУИ досега, да работат како што ќе им кажува лидерот на партијата и само пред него да одговараат.
Многу важно е, исто така, што Теута кажа оти ДУИ не е блеферска партија.
27 јули, 2020
“Времето за политички игри и големи гестови веќе е поминато…”, со право истакнува Филип Рикер. Само што ова не треба да важи само за опозицијата, туку не помалку и за оној дел од власта, кој, поради стравот од реформите во правосудството, перфидно и не толку тајно,соработува со опозицијата.
Го прават тоа со цел да се спасат од гонење за кривичните дела што се откриени и продолжуваат да се откриваат со “бомбите” на Заев и Ел Чека.