„Мислам дека тоа ќе биде најдоброто решение во овој момент освен тоа што не гледам дека некој друг нуди подобра алтернатива“, вели една граѓанка од Валандово на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, кој е ставот на граѓаните за претстојниот референдум.
„Јас сум за европска Македонија“, „Отворени вратите кон светот, како трло бевме до сега“, „Доста тоневме во калта, треба да одиме напред“, „За подобра иднина, за нас, за нашите деца и внуци, за сите!“, беа дел од позитивните одговори на валандовчан(к)и.
Дел од нив се уште не одлучиле како и дали ќе гласаат во недела. „Не знам, се уште не сум одлучил. Има време“, „За референдумот кој како сака…“, велат тие.
Друг пак вели дека од успешноста на референдумот ќе имаат корист и оние кои се против. „Сакам да успее референдумот. Затоа што ќе биде подобро за сите. Дури и оние коишто се против ќе имаат корист од референдумот, од успешноста на референдумот“, вели тој.
М. Ивановска
камера: Горан Наумовски
монтажа: Бунјамин Камбери