Два магични збора, одржување и продлабочување на реформите – рече Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини во својот говор во македонскиот парламент утрово. „Бидете горди на постигнатото. Бидете горди на тоа што се вративте во колосек, што покажавте единство, особено по преживувањето на една длабока криза…“ – продолжи Могерини во ист дух.
Невидено охрабрувачки говор на високата ЕУ претставничка денеска во парламентот. Вистински големо и вредно признание за постигнатите резултати на македонската влада, политичките елити, а особено за премиерот Зоран Заев.
Уверена сум дека со таков трк ќе стигнете многу далеку – го заврши својот говор Могерини, со што заврши 43-та седница на Собранието на Република Македонија.
М.Л.